| |

ВО ПАРИЗ ОГРАБЕНА САУДИСКА ПРИНЦЕЗА: ЗАВРШИЛА ВО БОЛНИЦА КОГА СФАТИЛА ШТО Ѝ УКРАЛЕ…

Од парискиот дом на саудиска принцеза, крадци однеле стотина илјади евра вредна луксузна стока, пренесуваат француските медиуми.

47-годишната принцеза која во станот не била од август, по враќањето открила дека и недостасуваат чанти, часовници, накит и крзно во вредност од дури 600 илјади евра. Принцезата, чие име не е откриено, биле хоспитализирана во состојба на шок и се уште нема разговарано со полицијата.

Се чини дека крадците успеале да влезат во нејзиниот стан во елитна населба во централното градско подрачје на францускиот главен град, без да употребат сила.

Пленот вклучувал 30 чанти “Hermes” во вредност од 10 до 30 илјади евра, потоа “Cartier” часовник, накит и разни крзнени предмети. Обвинителството отворило постапка која ќе ја води посебна единица на париската полиција.

„Ле Паризиен“ пренесува дека засега е осомничено едно лице кое во август престојувало во станот на принцезата. Резервните клучеви од станот исто така исчезнале.



Слични Објави