(Видео)Ноев: Меѓу Скопје и Софија треба да започне период на повторно градење на довербата
„За да тргнат работите во правилна насока меѓу Скопје и Софија треба да има еден период за повторно градење на довербата“, ова го изјави поранешниот министер за одбрана Бојко Ноев, во емисијата „Денот со Веселин Дремџиев“.
Ноев изјави дека Бугарија треба да има стратешко трпение и додава дека предлогот на премиерот Петков за работните групи е токму тоа, да се започне со работа. „Да почне да се исполнува Договорот во неговите различни области“, рече Ноев.
Ноев изјави дека очекува идниот македонски премиер Димитар Ковачевски да ја посети Софија и двајцата со премиерот да говорат за тоа како да се зајакне довербата меѓу двете земји.
Според Ноев рокот од шест месеци спомнат од Кирил Петков не е долг период на време, бидејќи РС Македонија треба да започне процес на промена на Уставот.
„Ние не сакаме од нив фундаментални промени како што тоа го сакаа Грците со Преспанскиот договор, ние сакаме еден збор, Бугари да биде ставено меѓу другите делови од народи. Македонци, Албанци, Срби, Турци итн“, вели Ноев.
Ноев додава дека поради различни причини, поради асимилација, репресии, убиства, дел од народот таму се сметаат за Македонци и Бугарија тоа не може да го негира.
„Истото тоа важи и за јазикот кои тие си го сметаат за македонски“, вели Ноев.
Што уште кажа Бојко Ноев погледнете во видеото сто следи:
