П. КОЛЕВ: ДОСТА ГИ ВАЛКАВТЕ СВЕТИТЕ ЧЕТИРИ БУКВИ!

//

Претседателот на партијата упати порака сите кои претендираат дека ги следат идеалите на старата организација ВМРО и подвлече дека тие што поддржуваат криминалци и бандити не можат да бидат ВМРО. Колев исто така подвлекува дека треба да се прекине со злоупотребата на четирите свети букви од скратеното име на Организацијата.

„Организацијата не правела компромис со вистината, не отстапувала од својот постулат Свобода или Смъртъ, не жртвувала дел од својот човечки капацитет за да ги прикрива злоупотребите на своите комити и војводи, точно обратно им пресудувала самата Организација на тие кои злоупотребувале со делото. Време е да си ја кажеме вистината таква каква што е!
Не може да си криминалец и да си ВМРО. Тие две работи не одат заедно.
Даме, Гоце, Развигоров, Чернопеев, Тодор, Ванчо, Сарафов, Лозанчев не биле тендераши. Тој што ги поддржува криминалците и ги штити од законот и правдата и тој е соучесник. Бандитите и криминалците кои го малтретирале и пљачкосувале населението, Организацијата ги ликвидирала, не ги чувала и штитела.
Кој поддржува криминалци и бандити не може да биде ВМРО!
Организацијата е чест, идеи и посветеност на делото!
Бидејки сме христијани треба да веруваме дека може ќе се сретнеме со војводите на друго поубаво место од овде и тие ќе не прашаат што сме направиле за Македонија?!
Одговорността е индивидуална, секој сам решава за своите постапки“-напиша на својата официјална facebook страна Петар Колев.

 





Претходна статија

АЛИЈАНСА НА АЛБАНЦИТЕ ЈА БАРА ОСТАВКАТА НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Следна статија

САМСОНЕНКО ГО НАПУШТА ФК ВАРДАР-ГОЛЕМ БУГАРСКИ КОНЗОРЦИУМ ЌЕ ЈА ПРЕЗЕМЕ УПРАВАТА ВО КЛУБОТ?

Најново од Вести