|

Азири од Алијанса за Албанците: Ќе добиеме еден директор и тројца заменици во Град Скопје

Пратеникот од редовите на Алијанса за Албанците, во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 откри дека во Град Скопје, од редовите на партијата ќе бидат именувани еден директор и тројца заменици директори.

„Милам дека е едно директорско место, 3 заменици директори, но е сериозна власт. Има и други, но не сакам да навлегувам во детали“, истакна Азири.

Говорејќи околу тоа зошто досега не се именувани, Азири рече дека не станува збор за доцнење, но е прашање на внатрешната организација на Алијанса за Албанците и дека верува дека многу наскоро, после Нова година, директорите ќе бидат поставени.



Слични Објави