ДО ВЕЛИГДЕН ТРЕБА ДА ПРИСТИГНАТ 200.000 КИНЕСКИ ВАКЦИНИ, ФИЛИПЧЕ СЕ НАДЕВА ДЕКА ДНЕВНО ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ ОД 7-10.000 ГРАЃАНИ

/

Како стигнуваат, така се распоредуваат вакцините низ пунктовите, а освен последните 10.000 дози „Фајзер“, до Велигден треба да ги имаме и 200.000 кинески вакцини на „Синофарм“ што првично ќе се сместат во фрижидерите на поликлиниката „Јане Сандански“, вели Министерот Венко Филипче. Освен во Скопје, масовна имунизација ќе се врши и во шест градови низ земјава, а спортските сали во Охрид и Штип веќе се подготвени.

Според Министерот Филипче процесот на имунизација се одвива добро, а планот за понатамошниот тек вклучува масовна имунизација со брзина од 7 -10.000 вакцинирани дневно. Една од опцијата е да се повикуваат дирекно граѓаните на вакцина,појаснува Филипче.

Засега Националниот Комитет за имунизација нема став за тоа што со оние граѓани што се вакцинирани со прва доза „Астра Зенека“ а се помлади од 60 години. За нив нема опција во Македонија да го завршат процесот на имунизација ниту со вакцина од друг производител , туку втора доза „Астра Зенека“ ќе треба да примат во Србија.



Сепак, сите над 60 годишна возраст ќе можат да се вакцинираат дома, а исто така и оние што во Србија примиле прва доза вакцина од друг производител.

Претходна статија

ПРАТЕНИЦИТЕ НЕ ЈА ИЗГЛАСАА ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА ЗА СПАСОВСКИ

Следна статија

ОБВИНЕНИЕ ЗА ДВЕ ЛИЦА ЗА „ЈАВНА СОБА“

Најново од Вести