Франција утре избира претседател – Марин Ле Пен е главниот ривал на Макрон
Макрон влегува во претседателската трка со поголема неизвесност отколку во 2017 година во околностите на војната во Украина и последователната економска криза.
Во Франција се одржува првиот круг од претседателските избори в недела, на кои актуелниот шеф на државата, Емануел Макрон, очекува да освои уште еден петгодишен мандат.
Околу 48,7 милиони гласачи беа поканети да го искористат своето право на глас в недела и да изберат еден од 12-те претседателски кандидати – четири жени и осум мажи.
Главниот ривал на Макрон е десничарската лидерка Марин Ле Пен.

