|

Интервенција на Полициското одделение Попова Шапка поради повреден планинар

35-годишeн скопјанец, со иницијали Н. Н., вчера, во попладневните часови, во СВР Тетово пријавил дека неговиот пријател Г. К. (44), исто така од Скопје, со кого заедно планинарел, на враќање од планинскиот врв Трескавец, над тетовско Вешала, си ја повредил ногата поради што им е потребна помош да се вратат.

Како што информираат од МВР, полициски службеници од Полициското одделение Попова Шапка, во координација со екипа од Дирекцијата за заштита и спасување, набргу ги лоцирале, на повредениот му била укажана помош од страна на лекар и безбедно биле спуштени во селото Вешала.



Слични Објави