Почина Саво Коцарев
Пишува: Владимир Перев
Денес во утринските часови, во Скопје почина во својата 93 година адвокатот Саво Коцарев. Роден е во 1928 година во Охрид, во егзархиско/б’лгарско патриотско семејство.
Саво Коцарев е последниот од стариот, легендарен состав на семејството Коцареви. Коцаревите се гордоста на бугарската кауза во Македонија, делови од легендата разсејувана низ Титовите казамати, од Идризово до каменоломите во Добој и цела тогавашна Југославија. Најстариот член на семејството, Илија Коцарев е кмет на Охрид за време на Втората светска војна и успева да го спаси градот од сите разурнувања и несреќи кои со себе ги носи војната. Тој го организира дочекот на бугарските војски во Охрид и тој е креаторот на симнувањето на германското знаме од центарот на градот и поставувањето на бугарското знаме, знамето на војската и државата која охриѓани ја чекаа цели 23 години, заради кое знаме и држава го дигнаа и славното Охридско-Дебарско востание, во албанската историографија познато како Бугарско-Албанско востание. Илија Коцарев е кмет на Охрид и во периодот на германското владеење со градот по 9 септември 1944 година, кога германската командатура сака да го запали градот, затоа што охриѓани ги чуваат одбегнатите бугарски војници и не сакаат да ги предадат на германците. Градот е спасен со откуп за подоцна откупот да биде вратен, сето тоа со заслуга на кметот Илија Коцарев.
Крајот на војната означува и пресврт во идеологијата и националноста на поголем дел од македонците, а најмногу тоа се почувствува во Охрид. Стариот Коцарев е уапсен и одведен во затвор, а синовите на неговиот брат Саво, Љупчо и уште некои нивни братучеди, сите од семејството Коцареви се уапсени, судени како државни непријатели и испратени на долгогодишни затворски казни. Браќата Саво и Љупчо Коцареви ги имаат искусено сите трагедии на Централниот истражен затвор во Скопје, на затворот во Идризово, како и каменоломите во босанското место Добој и другите места низ тогавашната СФРЈугославија.
Починаа сите-стариот Илија Коцарев полуслеп и инвалид е пуштен од затворот, за да почине дома, измачен, инвалидизиран и ослепен, како резултат на преживеаното. По него замина и другите. Бог бил милостив кон нив, сите имаа долговечност поголема од онаа на овие насилствени пространства.
Саво беше последниот од великаните на своето семејство. Дури и повеќе, тој беше последниот од сите македонци-затвореници и маченици за бугарската кауза во Македонија. Си замина гордо, како што и живееше, горд на себе си, горд на семејството и историјата и горд на каузата кон која припаѓаше…до последниот свој здив веруваше во исправноста на сопствените и семејните убедувања, до последниот здив веруваше дека македонскиот народ одново ќе се најде себе си во историските рамки на големата бугарска цивилизација!
Саво, лесна ти земја и нека патот ти е опсипан со Божјата светлина на праведниците!
