ВМРО-ДПМНЕ: ВО БЕЗДНА ЗАЕВ ГИ ПОВЛЕКУВА И ГРАЃАНИТЕ НА РM
Секој ден се повеќе Зоран Заев и СДСМ тонат во своите лаги. Во бездна Заев ги повлекува и граѓаните на Република Македонија.
Со договорот што го потпиша Заев на граѓаните им понуди само капитулација, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.
Република Македонија ја остави без минато и историја. Без минато оваа држава ќе нема ни иднина.
Криминалните тендери и грантови се единствен начин Заев да ги врати долговите кон своите соработници, додека пак продажбата на националните и државните интереси се шанса за дефокусирање на јавноста.
Заев насила турка еден катастрофален капитулантски чин.
Но Заев треба да знае дека во ЕУ и во НАТО не се оди со криминал и корупција.
Извештајот на ГРЕКО e уште еден од низата на докази дека распродавањето на националните и државните интереси нема да ја приближи Македонија поблиску до ЕУ и НАТО.
Патот на Македонија кон ЕУ и НАТО не е блокиран поради проблемот со македонското име.
Патот кон ЕУ и НАТО е блокиран само од корупциските скандали на функционерите на власта кои на изглед немаат крај.
Ова што СДСМ и го прави на Македонија не води никаде, а најмалку кон Европа. Граѓаните ќе го имаат последниот збор и ќе му кажат на Заев дека Македонија ќе победи!
