Загина 28-годишен мотоциклист во Капиштец, удрил во ограда
Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”.
На 11.05.2022 околу 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Елисие Поповски – Марко”, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.А. (28) од Скопје изгубил контрола и удрил во ограда. По несреќата Љ.А. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза” каде од лекар му биле констатирани тешки телесни повреди и набргу починал.
Со телесни повреди се здобила сопатничката Г.С.(27) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Известен бил Јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје.

