Гужва на Табановце, се чека еден час за влез во Македонија
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце за влез во земјава времето на чекање е околу еден час, соопшти Авто-мото сојузот.
Како што информираат од АМСМ, на останатите премини, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

