Намалениот наталитет ќе предизвика затворање на училишта и отпуштања на наставници
Демографката Марија Љакоска, доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет, предупредува дека продолжувањето на трендот на опаѓање на бројот на живородени бебиња ќе има сериозни последици врз образовниот систем.
Таа истакнува дека помалиот број новороденчиња ќе резултира со намалување на бројот на ученици, скратување на часовите, затворање на голем број подрачни училишта и губење на работни места за многу просветни работници.
Љакоска нагласува дека оваа демографска состојба бара навремено планирање и приспособување на образовната политика за справување со предизвиците.

