|

АД ЕСМ додели стипендии на 11 студенти од Техничкиот факултет во Битола

АД ЕСМ додели стипендии на 11 студенти од Техничкиот факултет во Битола во износ од 80.000 денари годишно и се доделуваат за 10 месеци, односно во текот на целата академска година. Финансирањето е предвидено да трае за време на сите студиски години, а стипендиите се продолжуваат еднаш годишно врз основ на исполнување утврдени критериуми пропишани во договорите за стипендирање, а кои се услов за продолжување на стипендиите.

АД ЕСМ преку својата подружница РЕК „Битола беше“, е и ќе остане столб на битолската економија и стопанство, а ќе остане основа и столб и на електроенергетскиот систем на Македонија. Затоа, ве повикувам сите тука присутни и другите ваши колеги од Техничкиот факултет во Битола да вложувате во вашето знаење. Ние сме тука да ве поддржиме со желба набргу да ве имаме и во нашите производствени капацитети, порача генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Стефанов.

„АД ЕСМ традиционално вложува во образованието и во доделувањето и продолжувањето стипендии за АД ЕСМ и како општествено одговорна компанија утврдена е практика повеќе од 10 години и претставува поддршка на образовниот процес што нашата компанија ќе ја продолжи и во иднина. На тој начин АД ЕСМ директно ги поддржува образовниот процес и создавањето кадри кои се прифатени, барани и неопходни на пазарот на трудот, особено од областа на електротехниката, машинството и информациските технологии“, велат од АД ЕСМ.



Слични Објави