|

Кризната состојба во „Идризово“ и мигрантската криза на границата денес на состанок на Главниот штаб во ЦУК

Денес, од 14 до 15 часот, во ЦУК ќе се одржи седница на Главниот штаб за управување со кризи, на која ќе бидат разгледани кризната состојба во КПУ „Идризово“ и т.н. мигрантска кризна состојба на јужната и на северната граница.

На нивно барање покана за присуство доби и претставник на народниот правобранител, како и претставник на Македонското здружение на младите правници.

Главниот штаб за управување со кризи е оперативно стручно тело, кое раководи со активностите за превенција и справување со кризни ситуации.

Главниот штаб го сочинуваат претставници на министерствата за внатрешни работи, одбрана, здравство, транспорт и врски и за надворешни работи.
Членови на штабот се и раководителот на итната медицинска помош во Скопје, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, како и претставници на Армијата, Агенцијата за разузнавање, АНБ,

Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации и Црвениот крст на РС Македонија. Директорот на Центарот за управување со кризи раководи со Главниот штаб.



Слични Објави