| |

АДВОКАТИТЕ БАРААТ ОДЛОЖУВАЊЕ НА СУДСКИТЕ РОЧИШТА ПОРАДИ КОВИД 19

Мерките на владата за заштита од корона вирусот мора да се применат и во правосудството, бара адвокатот Еленко Миланов. Според него, густата агенда во судовите е потенцијална опасност од Ковид – 19 како за адвокатите, така и за судиите и за обвинителите јавува АлсатМ.

Миланов смета дека ако има ограничување на движењето, затворени кафеани, редуцирано одење на работа, како судот ќе има контрола дали странките кои влегуваат во судската зграда доаѓаат од ризични земји или биле контакт со луѓе кои се вратиле од кризните делови на Европа, каде стапката на смртност и заразени е висока.

„Ако има мерки и ако тие мерки треба да се применуваат и ако се применуваат како што слушаме преку вас медиумите, јас сметам дека треба да се одложат сите рочишта и да не се држат судења“, вели Миланов.

Целиот напис прочитајте го овде.

Слични Објави