Чкатров: Ние никогаш не сме се однесувале со рамнодушност кон братските симпатии на еднородниот нам бугарски народ
„Ние никогаш не сме се однесувале со рамнодушност кон братските симпатии на еднородниот нам бугарски народ. Ние високо ги цениме стотиците илјади жртви што ги даде Бугарија, сметајќи дека на тој начин ќе се извојува слободата на Македонија; ние никогаш не сме престанале да апелираме до бугарското јавно мислење за поддршка на нашата народна борба, од успешниот завршеток на која зависи спасението на една петтина од целото бугарско племе и зачувувањето на неговиот најцврст дел. Ние со право сме очекувале од бугарските влади нивно застапништво пред Друштвото на народите, за совесно да се почитуваат културно-националните права на поробените Бугари“.
Дел од говорот на Јордан Чкатров (1897-1946) одржан на петтата седница на VIII редовен конгрес на Сојузот на македонските емигрантски организации во Бугарија, на 26 ноември 1929 г., по извештајот на Националниот комитет“, објавен во весникот „Македонија“, бр. 946, 7.XII.1929 год.
