| |

АДВОКАТОТ ЈАНАКИ МИТРОВСКИ: КАТИЦА СО СВОИТЕ ИЗЈАВИ СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ДАВИ ВО ЖИВА КАЛ

„Катица со своите изјави се повеќе се дави во жива кал, а со нејзините килограми тоа е опасно“, напиша на својот facebook профил, адвокатот Јанаки Митровски.

„Кои се недоследностите во нејзините изјави?
1.Имала оправдана причина да збори со Камчев.Ок.Но ова не е биртија, се знае како се комуницира со осомничен во куќен притвор-се спроведува до обвинителство.Ќе биде се во ред не е вообичаената реторика.
2.Самото присуство на Боки ја демантира.Ако говори вистина, тогаш ја повредила тајноста на постапката, истрагата е тајна и нема што трето неповикано лице да присуствува.Да не се лажеме знаеме што правел таму.
3.Најново и најјако-сакала да го направи Орце сведок-соработник.Честитки успеа“- стои во статусот на Митровски.

Слични Објави