Адвокатот на Груевски тврди дека ако Груевски и Јанакиески, не го срушеле Космос ќе стореле кривично дело
Адвокатот на Никола Груевски Димитар Дангов изјави дека во случајот ТНТ на СЈО не може да станува збор за незаконско рушење. Дангов е дециден дека Груевски и Јанакиески постапувале законски и ако рушењето не било извршено, тогаш тие ќе стореле кривично дело за незаконито вршење на службата.
-Груевски ниту самостојно ниту во договор со Јанакиески не го потикнале Тони Јакимовски незаконски да го сруши објектот Космос. Одбраната ќе докаже дека премиер и министер не се позиции на моќ, туку службени лица со надлежности пропишани во закон. Апсурдот е во тоа што не постои незаконско рушење кое го содржи описот на кривичното дело кое им се става на товар, рече Дангов.
