| |

Ременски: Почнати се подготовки за попис на населението

Пратеничката на СДСМ, Фросина Ташевска Ременски во вчерашното гостување на дебатната емисија „Клик плус” на ТВ21, изјави дека се во тек подготовки за одржување на попис. Пописот во 2002 година е последниот спроведен попис во Република Македонија.  Првиот современ попис на територијата на Република Македонија е спроведен во 1921 година.

По Втората светска војна, во Република Македонија се спроведени 8 пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година. Пописот во 1991 година беше со нецелосен опфат и затоа во 1994 година повторно е спроведен попис во истата декада.  Пописот во 1994 година е прв попис во Република Македонија по нејзиното осамостојување.

 

Слични Објави