| |

Коѕијас наредниот четврток доаѓа во посета на Македонија

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас наредниот четврток, на 22 март ќе допатува во дводневна посета на Скопје, и тоа за првпат со авион директно од Атина, придружуван од повеќе советници и новинари. Коѕијас во Скопје се очекува да го донесе нацрт договорот, или пактот, како што се нарекува во Грција, за решавање на прашањето за името. Откако вечерта на 22 март ќе има заедничка вечера со министерот за надворешни работи Никола Димитров, наредниот ден, според најавите од Грција, Коѕијас треба да има средба со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Овие средби засега не се потврдени.



Слични Објави