БОРИСОВ: СЛЕДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ НЕМА ДА НИ ПРОСТАТ АКО НЕ ГИ НАДМИНЕМЕ РАЗЛИКИТЕ СО СЕВЕРНА МАКЕДОНИИЈА

//

„Сите противречности меѓу Бугарија и Република Северна Македонија мора да бидат решени. Следните генерации нема да ни простат ако ја испуштиме оваа голема можност“. Ова го изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата со македонскиот министер за надворешни работи,  Бујар Османи.

„Значи, и вие и ние треба да се подготвиме за преговори со разум, а не со емоции. Геостратешката цел на Бугарија е за ова прашање да најдеме политичка волја – и ние и вие “, рече премиерот Борисов пред Бујар Османи, пренесе БГНЕС.

Борисов истакна дека двете земји мора да го следат патот на дипломатијата и разбирањето.

„Хероите кои загинаа за слобода не можат да бидат предмет што ги дели нашите народи. Затоа што нивниот сон бил да бидеме заедно и затоа ги дадоа своите животи. Значи, тие треба да бидат мост на пријателството, а не на поделба“, рече Борисов.



За време на состанокот, бугарскиот премиер ја потврди принципиелната поддршка за европска интеграција на Македонија, со исполнување на соодветни услови. Бојко Борисов ја истакна потребата од исполнување на сите обврски преземени според Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан во 2017 година.

За време на состанокот на Борисов со Османи, беа разгледани и билатералните односи, европската перспектива на Република Северна Македонија и предизвиците што ги носи пандемијата Ковид-19.

Борисов испратил посебна честитка до премиерот Зоран Заев и претседателот Стево Пендаровски, пишува БГНЕС.

Претходна статија

БЕДА И ТАГА…

Следна статија

ТРАГЕДИЈА: ПОЧИНА ДЕТЕ, А ЖЕНА ВО ТЕШКА СОСТОЈБА ВО ПОЖАРОТ ВО ГОСТИВАР

Најново од Вести