| |

АКО ИМАТЕ ПАРИ И САКАТЕ ДА ГО КУПИТЕ МЕРЦЕДЕСОТ ШТО СИ ГО НАРАЧА ГРУЕВСКИ ЌЕ ТРЕБА ДА ПОЧЕКАТЕ ДО ОДЛУКАТА НА ВРХОВЕН СУД

Екстралуксузниот „мерцедес“, кој со противзаконското влијание го нарача бегалецот Никола Груевски, уште долго ќе остане гаражиран. По три дена барање одговор, од Владата за „А1он“ потврдија дека додека трае постапката по жалбите на Гордана Јанкулоска и Никола Груевски во Врхвниот суд, продажбата е ставена на стенд бај.

„Возилото сѐ уште е предмет кој е дел од судска постапка. Постојат жалби до Врховен суд и додека не заврши целосно судскиот процес, Владата нема законска основа да постапува кон отуѓување на возилото“, пишува во краткиот одговор од Владата.

Од Владата во април годинава за „А1он“ потврдија дека судбината на „мерцедесот“ ќе се знае по изборите.



Слични Објави