| |

АКО ИМПРЕСИОНИСТИТЕ БЕА ЗАБОЛЕКАРИ ИЛИ КОГА ГЕНЕРАЛИТЕ ЌЕ СТАНАТ ПОЛИТИЧАРИ

Пишува: Петар Марчев

Јас немам квалитети за да се занимавам со политика, призна пред 13 години генерал Румен Радев

„Драг Тео, нема ли најпосле животот да се однесува со мене како што треба? Очајот ме погубува! Главата ќе ми прсне. Госпоѓа Сол Швимер, ми поднела пријава затоа што не сум им го направил мостот, така како што треба, а не како што одговора на нејзината смешна уста. Не можам да работам по нарачка како најобичен занаетчија. Одлучив да го направам мостот голем со големи возпламенувачки заби, кои да стрчат како огнени јазици. Таа се буни дека мостот не се побирал во нејзината уста!“ Така започнува врвната пародија на Вуди Ален насловена „Ако импресионистите беа заболекари“.

Румен Радев е воен пилот и пред 13 години во „Шоуто на Слави“ си призна дека нема квалитети за да се занимава со политика. Но неколку години подоцна Мефистофел/ во ликот на масонот и почесен конзул на Русија Георги Гергов, на генерал Решетников и на Корнелија Нинова/ го заведе и тој се најде во смешната улога на импресионист-заболекар.

Некој ќе рече дека неговите досегашни позирања како декламатор на телевизиски говори со херојски крената тупаница не се комични, туку се досадни и надразнувачки. Но не е ли смешно кога жената ти, ти го прави списокот на службената влада? Како поинаку да си го објасниме фактот што за PR на вториот кабинет на Радев е назначена  една дама, пријателка на Деси по линијата на нивниот заеднички бивш работодавач Слави? Која заедно со останатите творечки достигнувања ќе остане во историјата како автор на текстовите на песните на „Ку-Ку“: „Ќе ти го скинам газот“, „Мама не му дава на тато“. „Под мостовите сум ставил тротил“ и др.

Секој во младите години правел или пишувал глупости, од кои подоцна се срамел. Но кажаното одлетува, напишаното останува, што да се прави…

Друга смешка од битието на генералот како политичар е позицијата ем НАТО ем Брато. Кога ќе си одбереш таква парадоксална улога на русофилски натовец смеата кај публиката е гарантирана. Потсетете се на последната негова комична изведба: на состанокот Б-9 на земјите-членки на НАТО од Источна Европа беше донесена декларација, којашто ги осудува агресивните активности на Русија. Истата декларација е поддржана и од нашиот бугарски „натовски“ претседател. Но на сајтот на претседателот не е спомнат ниту еден збор за таа декларација. Т.е во странство сме храбри натовци, а по дома сме русофили „first class“, пардон- первый класс…

Бугарскиот храбрец од площадите со крената тупаница, преде како маченце, кога ќе се покрене прашањето за тровењето на Навални и тортурата врз него и сите руски опозиционери, за анексијата на Крим, за руската агресија во Источна Украина или пак за руските агенти на ГРУ и нивната прошетка во Бугарија и во Европа. Всушност, дури не преде, туку се прави на заспан.

Не е ли смешно сето тоа?

Да, во право сте, поскоро е тажно…

А ако се во право политичките анализатори, кои се потрудија да ни ја освежат меморијата со минатите говори на Радев за потребата од „претседателска република или некаква друга форма на државно уредување“, тоа значи дека во моментот во Бугарија се прави обид за државен удар според план направен во главниот град на земјата каде „так вольно дышит человек“. Кој е човекот, кој диша слободно е јасно.

Крајната цел на собраниско-државната криза во Бугарија е да се дојде го Велико народно собрание, доминирано од прорускиот натовец, коешто ќе треба да го смени државното уредување. Каков точно ќе биде форматот- ќе се чека наредба од Кремл. Не е тајна дека генералот Решетников работи за тоа да се врати монархијата во Русија, се разбира под патронатот на веќе остарениот Володја Путин. Така што, ако во Москва биде крунисан некој од династијата Романови, нема да биде чудно, ако Ликовната академија биде исфрлена од Дворецот, за таму да се всели цар Борис Трновски- сегашниот престолонаследник, којшто е роден на 12 октомври 1997 г. Или пак може да ни донесат за цар некој Романов, кој знае…

Дали Румен Радев нема да се почувствува изигран во таква ситуација?

Не, тој пред се воено лице, навикнат е да спроведува наредби и да даде војнички поздрав.

———————–

PS: Авторот им се извинува на сите фанови на претседателот Р.Р. и воената авијација во целина, а исто така и на сите гласачи на ИТН, ИМВ, БСП, Атака, Возраждане, Возраждане на отечеството, Единная Россия, на сите легални и нелегални организации, коишто се борат за победата на Евроазискиот идеал, на членовите на сите признаени и непризнаени масонски ложи, а исто така и лично на Човекот, којшто диша слободно. Се извинува за негативните чувства и желбите за физичка пресметка, коишто горниот текст веројатно ќе ги предизвика во нивните огнени срца!

Слични Објави