АЛАРМ ЗА ПОЖАР ГИ ОДЛОЖИ РОЧИШТАТА ЗА „МОНСТРУМ“ И „КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК“

Денешните рочишта за предметите „Монструм“ и „Крвавиот четврток“ се одложени откако денеска во новиот Кривичен суд се вклучил алармот за пожар.

Така сите оние кои беа инволвирани во овие случаи, нивните роднини и најблиски, како и судиите, адвокатите и обвинителите останаа надвор од Судот. Вратата на Кривичниот суд остана затворена.

Во моментов се проверува причината зошто се вклучил алармот за пожар.

Извор: 4NEWS.MK