БИДЕЈЌИ ПАРИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ ТРОШАТ ДОМАЌИНСКИ-ВЛАДАТА ЌЕ БАРА ПАРИ ОД МЕЃУНАРОДНИ ДОНАТОРИ ЗА ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО ЗАГАДУВАЊЕТО

Владата бара финансиска и техничка помош од меѓународните донатори во борбата против аерозагадувањето и спроведувањето на двегодишниот национален план  со кој се очекува намалување на загадувањето за 50 проценти. Националните средства што се обезбедени од Буџетот, како што беше посочено на денешната донаторска конференција организирана во Владата, не се доволни за да се спроведе Планот за борба против аерозагадувањето, а потребна е и техничка помош и размена на позитивни искуства од европските држави во справувањето со овој глобален проблем.

Од Владата најавуваат помош во замената на старите нееколошки системи за затоплување со нови еколошки во јавните институции и во домаќинствата, субвенции за купување на еколошки возила и за вградување на плински уреди, а се надеваат дека ќе биде донесен и закон со кој ќе се забрани користењето на јаглен како средство за затоплување. Според него, замената на старите и нееколошки системи за затоплување би дала најбрз резултат во однос на загадувањето бидејќи, како што посочи, четири различни студии покажале дека околу 46 проценти во загадувањето учествуваат домаќинствата кои не се греат само на дрва и јаглен, туку користат и пластика и гуми.

Речиси сите извештаи покажуваат дека во изминатиот период Скопје, Тетово и Битола се едни од најзагадените градови во Европа.