АЛБАНСКИОТ ПРИНЦ ЛЕКА ЗОГУ ПРЕДЛАГА ОБЕДИНУВАЊЕ НА АЛБАНИЈА И КОСОВО

Вести Истакнато Свет

Националното единство би било идеално за Косово и за Албанија, изјави албанскиот принц Лека Зогу Втори во интервју за весникот „Диели“, предлагајќи нивно обединување во една монархија што би им „донела позитивни нешта на двете земји“јавува РСЕ. Принцот нагласува дека откако кралското семејство се вратило од егзил, нивната работа била да ги отстранат бариерите меѓу Албанците и да го промовираат обединувањето на Албанците на Балканот. Тој за весникот оценува дека „Голема Албанија“ како уставна монархија, ќе обезбеди поголема политичка стабилност од сегашниот политички систем, при што го посочува Велика Британија и другите европски монархии како примери за тоа што Албанија може да постигне во иднина како уставна монархија ориентирана кон Западот.