|

Александар Караколев доби стипендија на „Институтот за театар и кино Лиј Стразбург“

На 28 јули во НАТФИЗ „Крсто Сарафов“ се одржа официјалното затворање на втората бугарска актерска работилница на светски познатиот „Институт за театар и кино Лиј Стразберг“. За време на финалната вечер публиката имаше можност да стане дел од еден поинаков формат и во живо да го проследи мастер класот на Дејвид Лиј Стразберг.

Наместо да прикажува готови сцени, публиката стана директен сведок на директната работа помеѓу актерот и учителот. Ова ја нагласува една од главните филозофии на „Методот“, поточно дека сликата никогаш не е завршена и дека работата на актерот никогаш не треба да запре.

На крајот на церемонијата Кристина Верославова, која е организатор на курсот, го објави добитникот на стипендијата која опфаќа едногодишно студирање на Институтот за театар и кино Лиј Стразберг. Актерот Александар Караколев е избран меѓу 16-те учесници и ќе има можност да тргне по стапките на еден од најголемите уметници на сите времиња.

Некои од најпознатите студенти на „Методот“ на Стразберг се: Ал Пачино, Мерлин Монро, Џејмс Дин, Роберт Де Ниро, Анџелина Џоли, Скарлет Јохансон, Лејди Гага и многу други.

Проектот се реализираше со финансиска поддршка на општна Софија – програма за култура.

Фото: Актуално



Слични Објави