Алијанса за Албанците: Мешањето на Шаќири во локалната власт во Шутка е скандалозно

/

Последното решение на министерот за образование и наука Јетон Шаќири, за одземање на надлежностите на градоначалникот на Општина Шуто Оризари е скандалозно и грубо политичко интервенирање без никаква правна основа и директно мешање во функционирањето на локалната власт, истакна на денешната прес-конференција Наим Бајрами од Алијансата за Албанците.

– На овој скандал претходеа низа нерегуларности почнувајќи од самиот момент кога училишниот совет од ООУ „26 јули“ носи одлука за јавен оглас за избор на директор, а притоа на таа одлука гласа член на Советот со иницијали Н.О. на кого претходно му бил завршен мандатот, нагласи Бајрами.

Тој додаде дека директорот и единствениот кандидат на тој јавен оглас, како што посочи, иако знаел дека уверението за положен испит треба да го обнови до 1 септември 2020 година, тој тоа не го сторил, и во документацијата го приложил старото уверение.



– Фактички директорот, имено брат на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, Дритон Ганиу цели две години незаконски бил на директорското место. Ги повикуваме надлежните од Општина Шуто Оризари да не подлегнат на политички притисоци и да ги искористат сите правни процедури се до конечно правно решение, рече Бајрами.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

На Косово приведен македонски државјанин баран за извршено убиство

Следна статија

МВР и Американска амбасада утре ќе имаат вежба за вонредна ситуација

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да