Амбасадорката на САД во РС Македонија Агелер го посети градилиштето на делот од Коридор 8 Тетово-Гостивар
Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија Анџела Агелер го посети градилиштето на делот од Коридорот 8, Тетово – Гостивар, за да ја види од прва рака импресивната работа што ја врши компанијата Бехтел-Енка на Коридорите 8 и 10.
„Овие нови патишта се стратешки транспортни мрежи на НАТО кои не само што ќе им служат на граѓаните на Северна Македонија, туку и ќе ја зајакнат регионалната трговија и поврзаност“, напиша амбасадорката Агелер во социјалната мрежа „Facebook“.

