| |

Почнува фестивалот на уметностите „Аполонија“ во Созопол

Со неколку изложби во галеријата во Созопол денеска стартува 41-то издание на фестивалот на уметностите „Аполонија“. Настанот и годинава обединува врвни бугарски творци и млади таленти, претставувајќи класични и современи дела со фокус на уметноста како форма на комуникација и одговор на глобалните теми, јавува БНР.

„Овие први денови, со кои го започнуваме фестивалот, се посветени на тоа што можат младите – оние кои штотуку завршуваат и го започнуваат големиот пат кон сцените. Без разлика дали тоа ќе биде во концертните сали, во театрите или во галериите, каде што ќе ги изложат своите дела“, изјави извршната директорка на Фондацијата „Аполонија“, Маргарита Димитрова.

Вечерва ќе биде претставена изложбата „Европа во Бугарија“, проект на Софиската градска галерија, кој го следи влијанието на европските стилови врз бугарската уметност од Ослободувањето до средината на XX век.

Посетителите ќе имаат можност да ја погледнат и експозицијата на плакати со тема „Литературата е сцена“, кои се дел од претстојното 11. Меѓународно триенале на сценскиот плакат.

Официјалното отворање на „Аполонија“ е закажано за утре, 29 август, со концерт на Хилда Казасјан, Васил Петров и биг-бендот на Националната музичка академија.

Слични Објави