ИЗЛОЖБА „КОСМИЧКИ БУМЕРАНГ” НА ЗОРАН АРСОВСКИ-БАБАТА ВО ИСТАНБУЛ

/

– Во Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул денеска ќе биде отворена изложбата „Космички бумеранг” на академскиот ликовен уметник Зоран Арсовски-Бабата, на која ќе бидат претставени 20-ина дела од најновата продукција на авторот. Континуитетот во разработка на оригинални идеи ќе биде одржан и овојпат, така што уметникот ќе прикаже нова техника на изработка со композитен материјал на сликарско платно – епокс смола во комбинација со силикати и бои. Арсовски е меѓу првите уметници во регионот кој го развива и употребува овој материјал за изработка на ликовно дело на платно што, според рецензијата, се должи на неговата висока стручност и знаење и на повеќегодишното искуство во користењето на ликовните материјали и техники. Според Роберт Цветковски, историчар на уметноста, самата идеја е презентирање на визијата на Арсовски за космичките пејзажи и перманентни движења на космичката маса како процес кој во окото на гледачот може да предизвика повеќе асоцијации и дека сето тоа е изведено со живи и силни бои, создавајќи чувство на огромна енергија и движење, зајакнато со блесокот од рефлексот на употребениот материјал.

Зоран Арсовски-Бабата (Куманово, 1980) дипломирал во 2005 и магистрирал во 2007 година на Националната ликовна академија во Софија, на насоката сликарство. Член е на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и досега има реализирано 13 самостојни изложби и учество на повеќе групни меѓународни ликовни колонии, изложби, проекти и симпозиуми во земјава и во странство. Работи во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово како стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура. Работи штафелајско сликарство и изработува фрескоживописи, икони, сценографии, илустрации и дизајн.



Претходна статија

ХАШИМ ТАЧИ: НЕ ЈА САКАМЕ РЕПУБЛИКА СРПСКА НА КОСОВО-ТОА Е НАПАД ВРЗ ДРЖАВАТА КОСОВО ОДВНАТРЕ!

Следна статија

23 ОКТОМВРИ, ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКАТА РЕВОЛУЦИОНЕРНА БОРБА, НЕРАБОТЕН ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ

Најново од Истакнато

(Видео) Мајор од ОЗНА од кратовското село Филиповци раскажува за времето после 6 април 1941 г.: Германците дојдоа и си заминаа, Бугарите не вршеа убиства и малтретирања, партизаните ги знаевме како шумкари

„Населението кај нас нема претрпено многу страдање после 6 април 1941 година. Германците дојдоа во Македонија,