| |

Амбасадорката на Турција во Бугарија: „За нас помошта од соседна Бугарија е многу важна и значајна“

„Пријателите се познаваат во тешки времиња. Веднаш штом беше објавена веста за земјотресот во раните утрински часови ми се јави претседателот Румен Радев и изјави дека бугарската држава е подготвена да ни помогне со сите можни средства. Тој не увери дека Бугарија ќе биде со нас“. Ова го соопшти амбасадорката на Република Турција во Бугарија Ајлин Секизкок. Таа во специјалното интервју за емисиите на турски јазик на Радио Бугарија им се заблагодари на Бугарите за нивната реакција по разорните земјотреси што се случија кај нив.

„За нас помошта од соседна Бугарија е многу важна и значајна“, нагласи амбасадорката Секизкок.

Слични Објави