АМБАСАДОРОТ НА КОСОВО ДЕДАЈ: ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА МОРИНА МОЖЕ ДА ГИ НАРУШИ ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО

/

Во интервју за ТВ21, амбасадорот на Република Косово во земјава, Ѓерѓ Дедај изјави дека не смее да има екстрадиција на поранешниот припадник на УЧК, Томор Морина во Србија, бидејќи може да дојде до нарушување на меѓудржавните односи меѓу Косово и Северна Македонија.

„Сепак, потсетувам дека неговата екстрадиција целосно се коси со човековите права и е незаконска и неприфатлива. Не треба да се случи, бидејќи можното екстрадирање веќе нема да биде на лична штета на Томор Морина, туку може да има последици врз меѓудржавните односи меѓу Република Косово и Република Северна Македонија. Не би сакале ваквите случаи да влијаат за можно нарушување, за кое, ние како Косово, воопшто не сме заинтересирани“ – вели амбасадорот Дедај, во интервјуто за ТВ21.





Претходна статија

ВЛАДАТА СО ДЕМАНТ: НИКОЛОСКИ ЛАЖЕ ДЕКА БИЛЕ СПРЕЧЕНИ ДА ПОЛОЖАТ ВЕНЕЦ НА СПОМЕНИКОТ МАКЕДОНИУМ

Следна статија

ЗАБРЧАНЕЦ: МОНТАЖА И ЛАЖНА ВЕСТ СЕ СКАНДИРАЊАТА „СЕВЕРНА, СЕВЕРНА“ НА МЕЧКИН КАМЕН

Најново од Вести