ЗАБРЧАНЕЦ: МОНТАЖА И ЛАЖНА ВЕСТ СЕ СКАНДИРАЊАТА „СЕВЕРНА, СЕВЕРНА“ НА МЕЧКИН КАМЕН

//

„Дезинформаторите шират срамна монтажа во која лажат дека граѓаните наводно скандирале “Северна Северна” на Мечкин Камен.
Тоа е лажна, фејк, тажна продукција од нивните подрумски центри за манипулација. Тоа доаѓа од оние кои не можат да се помират дека во нашата земја доминира и победува концептот на заедништвото.

Денес во Крушево ечеше од зборовите Илинден, македонски, Македонија, заедно, иднина. Тие што беа на Мечкин Камен знаат дека денес граѓаните заедно ја пееја “Денес над Македонија се раѓа…”. Денес се скандираше за иднината, за Републиката, за химната, за македонскиот јазик.
Во Крушево ечеше паролата “Сите сме деца на Илинден!”, напиша на својот профил советникот за односи со јавност во Владата, Марјан Забрчанец.

Потсетуваме дека вчера на портали блиски до ВМРО-ДПМНЕ беше објавено видео на кое се гледа како група луѓе присутни на прославата за Илинден, на Мечкин Камен, скандираат „Северна, северна“.





Претходна статија

АМБАСАДОРОТ НА КОСОВО ДЕДАЈ: ЕКСТРАДИЦИЈАТА НА МОРИНА МОЖЕ ДА ГИ НАРУШИ ОДНОСИТЕ МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И КОСОВО

Следна статија

ПРЕДЛОГ НА АЛБАНСКАТА ВЛАДА: ДРЖАВЈАНСТВА ЗА СИТЕ АЛБАНЦИ ПО РОД

Најново од Вести