| |

Американски генерал: Украина ослободи повеќе од половина од окупираната територија

Украинската армија ослободи повеќе од 54 отсто од окупираната територија, изјави вчера генерал Марк Мили, началник на Здружениот генералштаб на САД.

„Украина продолжува да прави свесен, постојан напредок во ослободувањето на својата татковина од руската окупација“, рече тој.

„До денес, Украина ослободи повеќе од 54 отсто од Украина под руска окупација и продолжува да ја задржува стратешката иницијатива“, додаде Мили на прес-конференцијата по состанокот на контакт групата за одбрана на Украина во воздухопловната база Рамштајн во Германија.



Слични Објави