| |

Меѓународен музички форум собира гитаристи од Бугарија, Северна Македонија, Украина, Косово и земји од три континенти во Ќустендил

Градот Ќустендил во Бугарија и годинава организира Меѓународен музички форум, на којшто ќе настапат стотици гитаристи од различни возрасти, од Бугарија, Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Украина, Романија, Косово, Србија, Австрија, Бахреин, Виетнам и други земји од три континенти, јавува Пиринско.

Жирито на конкурсот е составено од истакнати имиња во музиката, меѓу кои проф. д-р Стела Митева-Динкова – заменик-ректор на АМТИИ – Пловдив, доц. д-р Росен Балкански – композитор и предавач во НМА – Софија, Ту Ле (Виетнам/Бахреин), Антон Апостолов (Канада/Бугарија) и други.

Конкурсот е вклучен во Програмата за заштита на деца со изразени дарби на Министерството за култура на Бугарија, преку која секоја година се обезбедува финансиска поддршка и едногодишни стипендии за наградените во втора и трета возрасна група.

Настанот се одржува под покровителство на градоначалникот на Општина Ќустендил, инж. Огњан Атанасов, со поддршка на НЧ „Пробуда 1961“ и други партнери и пријатели на музиката.

Слични Објави