| |

МАНЧЕВСКИ: ЗАГРИЖЕНИ СМЕ ЗА КАПАЦИТЕТОТ ЗА ПРЕГОВОРИ СО ЕУ

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски, апелира до сите чинители во или надвор од јавната администрација да се вклучат во претстојниот преговарачки процес со ЕУ и вели дека Владата е загрижена дали државата има доволен капацитет за овој потфат, јавува дописничката на МИА од Брисел.

Најдоцна до средината на мај, Владата треба да објави нов предлог, вели Манчевски за МИА, за преговарачката структура кој предвидува ангажман на “високо квалификувани експерти“ од надвор од институциите.

-Испраќам апел до сите граѓани, експерти, луѓе кои работат во невладин сектор, во приватни компании, да размислат да се вклучат во овој процес. Ни требаат сите можни ресурси, ние ги немаме многу, вели министерот и додава дека иако за сега нема проблеми во однос на подготвителниот скрининг, Владата е “сериозно загрижена“ за следните покрупни фази од преговарачкиот процес. (Повеќе)



Слични Објави