| |

НОВИ ЗЕМЈОТРЕСИ ВО БЛИЗИНА НА ПЕТРИЊА И СИСАК

Тлото во Хрватска не мируваше ниту за новогодишната ноќ. Три дена по разорниот земјотрес во Храватска во текот на ноќта регистрирани се нови умерени земјотреси во близина на Петриња и Сисак.

По катастрофалниот земјотрес кој беше со јачина од 6,3 степени по рихтер, во земјата се регистрирани над 200 земјотреси со јачина од над 1 степен. Земотресот уништи голем број на домови, а животот го загубија седум лица.

Вчера пристигнаа првите 20 мобилни куќи за семејствата погодени од земјотресот, а во следните неколку дена треба да пристигнат вкупно над 84 подвижни домови за повеќе од 500 луѓе.



Слични Објави