| | |

(Видео) Познатиот бугарски пејач од Пиринскиот крај Малин Домозетски ја воспеа кукерската традиција во својата најнова песна „Темна магла по полето“

Еден од најпознатите изведувачи на народни песни од Пиринскиот крај, Малин Домозетски, го објави својот најнов проект инспириран од кукерската традиција. Песната „Темна магла по полето“ ја раскажува приказната за вековните бугарски традиции поврзани со кукерството, а освен тоа и со земањето невеста.

Текстот и музиката се со мотиви од народна песна од село Брежани, општина Симитли. Аранжманот е на Петар Александров. Нарацијата е дело на Силвија Домозетска. Режисер и сценарист на видеото е Васил Василев, камерман е Илијан Михајлов, теренската екипа ја сочинуваат Јулијан Јанков, Божидар Веселинов, Федја Бојански и Кирил Благов.

Улогите ги толкуваат: Малин Домозетски, Стефани Равначка, Христијан Весков, Маријана Кехајова, како статисти се појавуваат: Маријан Стојнев, Методи Равначки, Радослав Зулјамски, Валери Димитров, Димитар Кехајов, Владимир Благоев, Иван Стојнев, Иван Равначки, Николај Филатов, Радослав Христов, Ивајло Бахамов, Мирослав Димитров, Добри Лазаров, Галин Домозетски, Александар Зулјамски, Добромир Равначки, Николај Трајанов, Коста Благоев, Стефан Благоев, Валери Христов, Добромир Јорданов и Димитар Василев.

Во видеото централното место го заземаат бабугерите од село Крупник, кои се и еден од симболите на ова древно населено место меѓу Малешевска и Влаина планина.

Авторите на музичкиот проект им се заблагодаруваат на Димитар Кехајов за поддршката и на Куќа-музеј „Неофит Рилски“, град Банско, за гостопримството и автентичната атмосфера.

Слични Објави