| |

ГДУ-ВИНИЦА: СЕЛОТО ЦРН КАМЕН СО УЛИЦИ КАКО ОД 19-ТИОТ ВЕК!

„Ова е селото Црн Камен во општина Виница. Улиците во ова село се во катастрофална состојба. Жителите ги кршат своите автомобили возејќи секојдневно по овие улици кои наликуваат на улици од 19-тиот век. Ние од ГДУ апелираме до локалната власт, да ги асфалтираат улиците во ова село, со што би се решил овој огромен проблем за да жителите конечно успеат на сопствена кожа да почуствуваат дека се во 21-виот а не во 19-тиот век“, изјави на денешната прес-конференција Александар Ѓорѓиев, член на НК на ГДУ- Виница.



Слични Објави