| |

Американски сенатори бараат „зајакнување“ на санкциите против Русија

Група американски сенатори – демократи внесоа нацрт резолуција во Сенатот, со која ги повикува министерот за финансии и државниот секретар да воведат санкции во врска со објавениот од американската администрација така наречената “кремљска листа”.

Тие инсистираат Министерството за финансии и Белата куќа да ги зајакне санкциите против Русија.

Сенаторите ја обвинуваат Русија во “подриване на демократските процеси” во Украина и за поддршка на владата во Сирија.

Сенаторите потсетуваат и на зборовите на директорот на ЦИА Мајкл Помпео дека Русија продолжува да прави обиди за мешање во внатрешната политика на САД и на земјите од Европа. Резолуции од таков тип немаат статусот на предлог закони и претседателот не е должен да одобрува слични документи.



Слични Објави