АМСМ: Сообраќајот се одвива отежнато
Забрани за тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово-Дебар, Гостивар–Кичево преку Стража, Дебар-Струга. Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози со остатоци од кашест снег. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините. АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

