АНЧЕЛОТИ: НЕМАМ НАМЕРА ДА ЈА ПРЕЗЕМАМ ЦЕЛАТА ОДГОВОРНОСТ ЗА КРИЗАТА!

Тренерот на италијански Наполи и шеф на макеоднскиот бисер Елиф Елмас, Карло Анчелоти одби да ја преземе сета одговорност за сериозната криза под Везув во која наполитанците седум меча по ред немаат победа и речиси да ја загубија битката за „скудетото“, иако беа посочувани како едни од најголемите конкуренти заедно со Интер за да го симнат Јувентус од тонот.

Наполи вчера загуби дома од Болоња, како кулминација на резултатската криза, па столчето на Анчелоти сериозно се тресе и италијанските медиуми веќе од поодамна најавуваат негова смена до крајот на годинава. Наполитанците моментно се седми, пет бода зад последното место кое води во ЛШ.

„Фудбалерите мора да почувствуваат одговорност за оваа криза. Јас нема да ја преземам целата одговорност на себе и нема да го сторам тоа. Не сум само јас одговорен за оваа криза. Над сето ова, фудбалерите се тие што играат на теренот, а тие се што мора многу повеќе да имаат решителност кога играат за овој клуб“, рече Анчелоти.

Извор: Спорт1



Слични Објави