| |

Ангел Џамбаски: Граѓаните на Р. Македонија заслужуваат достоен живот во рамките на Европската Унија

Ангел Џамбаски е политичар од Република Бугарија. Член e на Европарламентот од 2014 година во групата на Европските конзервативци и реформатори. Џамбаски е заменик-претседател на Делегацијата на заедничниот парламентарен комитет Европска Унија-Македонија, која следи за напредокот на нашата земја на патот кон евроинтеграциите. Тој исто така е член на Комисијата за култура и образование, и заменик член на комисиите за правни прашања, безбедност и одбрана, надворешна политикa. По професија е правник. Зборува слободно англиски, германски и руски јазик.

„Дојдов овде со моите колеги, бидејќи сакаме да ја изразиме нашата поддршка за европската иднина на Република Македонија. Убеден сум дека граѓаните на Р. Македонија заслужуваат да живеат достоен живот, како државјани и на Европската Унија. Никој не смее да ја понижува Република Македонија и нејзините граѓани. Македонија ќе се судри со моќни протвници, но ние нејзините пријатели од Република Бугарија сме тука за да помогнеме. Ви посакувам успех!!! Да живее Република Македонија!!!“, изјави во својот поздравен говор пред присутните на Основачкото собрание на Граѓанско Демократската Унија, г-н Ангел Џамбаски, европратеник од Р. Бугарија, член на Групата на Европските конзервативци и реформатори, во Европарламентот.

Слични Објави