Ангелов: Криминалистичка полиција влезе во „Дрисла“
Полициски службеници вршат службени разговори со вработени во ЈП „Дрисла“ за евентуално внатрешно учество во подметнување на пожарот, информира Стојанче Ангелов, директор на Дирекцијата за заштита и спасување. Тој посочи дека имало уште најмалку три обиди за палење, кои биле брзо изгаснати.
Ангелов најави зголемено полициско присуство и употреба на методи за набљудување со цел откривање на можни потпалувачи, бидејќи необјасниво е повторното засилување на чадот иако претходно бил намален.
Тој појасни дека на депонијата нема активно горење, туку чад од внатрешни хемиски и биолошки процеси. Од 85 хектари површина, ограден е само делот на влезот, додека останатиот дел е необезбеден и лесно достапен за можни злоупотреби.

