| |

АНГЕЛОВ: ПРЕДУПРЕДИВ ЗА „ДИВО НАСЉЕ“, ВЛАСТА НА ВМРО ДПМНЕ ПЛАТИЛА 2 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА МЕЃУЕТНИЧКИ СУДИР

Стојанче Ангелов преку својот Facebook профил потсети дека еден месец пред вооружениот напад во кумановско Диво Насеље тој предупредил дека се спрема конфликт, но очигледно немало кој да го слушне.

-Предупредување кое можеше да спаси многу животи… Власта платила два милиони евра за меѓуетнички судир…, напиша Ангелов на фејсбук.

Од Бриф потсетуваат дека во 2015 година, на 4 април, Ангелов, на еден од протестите прет МРТВ рече:

„Власта платила 2 милиони евра на Албанци кои немаат врска со УЧК, за да предизвика меѓуетнички судир. Тоа се некои криминалци во Липковскиот регион. Нивната задача била да се претстават како УЧК и да извршат убиство на неколку припадници на полицијата или армијата и да превизикаат меѓуетнички конфикт, а да не обвинат мене и Зоран Заев. Затоа се појави монструозното соопштение потпишано од господинот Нетпрес дека Стојанче Ангелов и Зоран Заев подготвуваат крваво сценарио. Всушност, некој друг подготвувал такво сценарио,а наредните денови требаше да има ескалација“.



Слични Објави