АНГЕЛОВСКИ: ПОСТОИ МОЖНОСТ ОТА ДА СЛЕДЕЛА РАЗГОВОРИ ОД СЛУЧАЈОТ „РЕКЕТ“
Оперативно-техничката агенција – ОТА во моментов активно следи 159 комуникации, а постои можност некои од нив да се поврзани со најновиот случај „Рекет“, изјави денеска директорот на ОТА, Зоран Ангеловски.
ОТА од почетокот на годината следела 258 комуникации, од кои 159 се се уште активни. Следењето на комуникациите е максималн о безбедно и не може да случи истекување на разговорите, беше истакнато на денешната прес-конференција.
На прашањето дали од тие 159 активно следни комуникацвии има и такви за случајот „Рекет“, Ангеловски нагласи дека ОТА нема увид во идентитетот на лицата што се следат. (Повеќе на следниот линк).