АНТИКОРУПЦИСКА НЕМА ДА СЕ ЗАНИМАВА СО ПРИЈАВАТА НА ИНСПЕКТОРОТ ИЛИЕВСКИ
Државната комисија за спречување корупција ја отфрли пријавата на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски во делот за наводното незаконско унапредување во наставно – научни звања на тројцата државни функционери Арбер Адеми, Агим Нухиу и Сафет Емрули, прогласувајќи се за ненадлежна, јавува Факултети.мк.
Во исто време и комисијата на Агенцијата за администрација за одлучување по жалби и приговори на административните службеници во втор степен се прогласи за ненадлежна да донесе одлука по неговата жалба за деградирањето на работното место.
