ТОРТЕВСКИ: ВЕРУШЕВСКИ ДА КАЖЕ КОИ РАЗГОВОРИ ОД „БОМБИТЕ“ СЕ МОДИФИЦИРАНИ
Адвокатот Александар Тортевски смета дека Јавното обвинителство треба веднаш да го повика Зоран Верушевски, јавува МКД.мк.
-Треба Верушевски да каже на кои снимени разговори мислел кога рекол дека се модифицирани и тоа треба сериозно да се провери. Обвинителството треба да го соочи со Лазаревски и со Костовски. Доколку се утврди дека во претходната постапка, во предистрагата, Верушевски кажал нешто сосема спротивно, тогаш треба да му се покрене постапка за лажно сведочење, вели Тортевски и прашува зошто Верушевски досега молчел.