| | |

(Видео) Грдев: Правата на Бугарите во РС Македонија, треба да бидат заштитени во европски контекст

„Нема промена во ставот на партијата „Има таков народ“ за РС Македонија. Ставот на Бугарија останува на базата на Декларацијата на Парламентот, Рамковната позиција на Владата и ставот на БАН“, вели Димитар Грдев од партијата на Слави Трифонов, во утринската програма на Бугарската национална телевизија.

„Ставот на Бугарија да има гаранции за исполнувањето на Договорот од 2017 г. останува. Правата на Бугарите во РС Македонија мора да се заштитат – во европски контекст. Македонското општество – нивниот парламент мора да бидат целосно подготвени за она што претставува Европската унија и нејзините основни вредности, имено – заштитата од дискриминација и заштитата на човековите права“, додава Димитар Грдев.

Според него, кога станува збор за односите со Северна Македонија, тоа се односи меѓу партнери и не може да се зборува за некакви притисоци.

„Во оваа смисла, прашањата што ги поставува господинот Трифонов се апсолутно релевантни и нормални“, вели Гардев.

„Во коалицијата нема промени во однос на РС Македонија, таа е едногласна по ова прашање“, рече Гардев.

Тој појасни дека не треба да има повторно потпишување на Договорот за пријателство, туку јасни гаранции за почитувањето на правата на Бугарите во РС Македонија.



Слични Објави